Имплементацијата на компонента четири за човечките ресурси од Инструмент за претпристапна помош (ИПА) изнесува 19 милиони евра. Европската комисија одобри средства од 16,3 милиони евра за реализација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси (2007 – 2013), а владата обезбеди средства од 2,9 милиони евра од буџетот. За периодот до 2014 година на Македонија ќе и бидат одобрени дополнителни 20,4 милиони евра средства наменети проекти за вработување, социјалната вклученост и образование. Co процесот на градење на капацитетите на јавната администрација, соодветно ниво на знаење и вештини е клучно не само за трошење на средствата од ИПА туку за целиот процес на интегрирање во ЕУ. Оперативната програма за развој на човечки ресурси (2007 – 2013) опфаќа програми за вработување, привлекување и задржување повеќе луѓе во работен однос, инвестирање во човечки капацитети преку подобро образование и обука, подобрување на потенцијалите за вработување на жените од малцинските етнички заедници на пазарот на трудот.
Имплементацијата на компонента четири за човечките ресурси од Инструмент за претпристапна помош (ИПА) изнесува 19 милиони евра, рече министерот за финансии Зоран Ставрески.
Европската комисија одобри средства од 16,3 милиони евра за реализација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси (2007 – 2013), а владата обезбеди средства од 2,9 милиони евра од буџетот.
„За периодот до 2014 година на Македонија ќе и бидат одобрени дополнителни 20,4 милиони евра средства наменети проекти за вработување, социјалната вклученост и образование“, рече Ставрески.
Министерот изјави дека со процесот на градење на капацитетите на јавната администрација, соодветно ниво на знаење и вештини е клучно не само за трошење на средствата од ИПА туку за целиот процес на интегрирање во ЕУ.
Оперативната програма за развој на човечки ресурси (2007 – 2013) опфаќа програми за вработување, привлекување и задржување повеќе луѓе во работен однос, инвестирање во човечки капацитети преку подобро образование и обука, подобрување на потенцијалите за вработување на жените од малцинските етнички заедници на пазарот на трудот.
Ќе им бидат доделени 1,5 милиони евра на невладини проекти кои имаат за цел да ги зголемат потенцијалите за вработување на жените од малцинските етнички заедници.
„Со средства од 19 милиони евра за првите три години, спроведувањето на оваа компонента треба значително да придонесе за остварување на националните цели во областа на вработувањето, образование и социјална вклученост“, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере.
На овој начин ќе се подобри развојот на човечки ресурси преку подобрување на квалитетот и квантитетот на човечкиот капитал што доведува до отворање на повеќе работни места.
„Според статистичките податоци за сиромаштијата во Македонија покажуваат дека 28 отсто од населението во Македонија живее под или на границите на минималните стандарди“, изјави Фуере.
ИПА програмата опфаќа пет компоненти, 83 милиони евра се на располагање за првата компонента за 2007 и 2008 година, министерот Ставрески рече дека 53 милиони се искористени, а за 2009 и 2010 на располагање се околу 85 милиони евра кои очекуваат да се користат во наредниот периодот.
За ИПА 2 за прекугранична соработка на располагање се околу 12 милиони евра, за компонентата 3 за регионален развој 40 милиони евра, а за петтата компонента за рурален развој одвоени за 31,5 милиони евра од кои 30 проценти треба да се искористат до крајот на годината.